Манчестер Јунајтед кој дел од летните подготовки ги поминува во ладната Норвешка вечерва одигра пријателски меч против тимот на Кристијансунд, во Осло.
Екипата од родниот град на тренерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер му даде силен отпор на премиерлигашот, но сепак Хуан Мата со гол во судиското надополнување, во 92 минута донесе победа за фаворитот.
Голем број навивачи имаа можност да гледаат отворен фудбал. Се редеа со шанси и Марсијал, и Рашфорд, па и Лингард, а сепак најзрелата прилика ја имаше Мактомине во 42 минута кога ја погоди рамката од голот.
scott mctominay vs Kristiansund half time #mufc pic.twitter.com/FYyrNRsN29
— Ekiti Boy² (@babahererra) July 30, 2019
На полувремето Солскјер не направи ниедна замена, но тоа го стори во 60 минута. Иако тренерот на Кристијансунд на полувремето реши да го замени половина од стартната постава, сепак до крајот на мечот не го внесе во игра синот на Солскјер, Нои.
До почетокот на сезоната во Премиерлигата на Јунајтед му преостанува само уште еден пријателски меч, оној со Милан на Меѓународниот куп на шампиони.