Top Sport

Иснер: Канабис и тенис – ДА

Американаскиот тенисер, Џон Иснер кој моментно е 14-ти на АТП листата ги возбуди духовите во светот на белиот спорт. Уште еден аспект за модернизација е легализацијата на канабисот што е важна тема во светот на спортот.

Причина повеќе за тоа е што маслото од оваа билка помага при санација на здравствените проблеми. Тука не се мисли на ТХЦ-состојката кој има смирувачко дејство и која е прашање дали се користи „рекреативно“, туку се работи за ЦБД која нема наркотично дејство, а е клинички докажано дека помага кај запаление, анксиозност, но и при заздравување на зглобови, болки во мускулите…

ЦБД напитокот го направи компанијата „ДЕФИ“, а нивни корисник е токму тенисерот Иснер кој е познат по силниот сервис.

Американецот не крие, на социјалните мрежи објави дека тој напиток му помогнал да се врати многу бргу по повредата.


Иснер денеска на АТП 500 турнирот во Вашингтон кој се игра за награден фонд од речиси 2 милиони долари ќе има тешка задача против Хуберт Хуркач.

Scroll to Top