Атлетико Мадрид одигра контролен натпревар против најдобрите играчи во МЛС-лигата и победи со 3-0. Два од трите гола за екипата на Диего Симеоне ги постигаа новите играчи Маркос Љоренте и Жоао Феликс.
Мечот помеѓу вице-првакот на Шпанија и МЛС-ѕвездите се одигра на стадионот во Орландо. Љоренте го постигна првиот гол во 43 минута, а потоа Атлетико мечот го реши со головите на Жоао Феликс во 85 и Диего Коста во 93 минута.
Тинејџерот од Португалија за кого Атлетико платија 126 милиони евра се наметнува како нов лидер на тимот. Во татковината го споредуваат со Кристијано Роналдо, а неодамна самиот изјави дека би сакал да биде како славниот сонародник.
Тренерот Симеоне рекол дека Феликс има квалитет да стане голем играч, но дека Феликес не е како Роналдо.
„Мислам дека воопшто не се слични со Роналдо“, рекол Симеоне и дополнил.
„Сите нови играчи реагираа сјајно, од Фелипе до Феликс, задоволен сум. Работиме добро, заедно сме повеќе од 20 дена, новите играчи се трудат да ги исполнат обврските. Се надевам дека ќе може да продолжиме вака кога тоа ќе биде најпотребно, во Ла Лига“.
Осум нови играчи пристигнаа во Атлетико ова лето, а Симеоне истакнува дека клубот уште ќе биде активен во преодниот рок.
„Нема да бидеме мирни до крајот на преодниот рок. Отворен сум за се што може да се случи, повеќе од ова не можам да ви кажам“, рекол Симеоне.
Атлетико својата сезона ќе ја отвори на 18 август против Хетафе.