Реал Мадрид не игра добро во подготвителниот период, тренерот Зидан треба да исправи многу работи во играта на својот тим, а покрај тоа на секој чекор треба да се справи со новинарите и нивните прашања за Герет Бејл.
Велшанецот е вистински кошмар за францускиот тренер, кој уште на почетокот на преодниот рок кажа дека нема да смета на него во новата сезона. Бејл му тераше инает, дури Зидан го однесе и на турнејата во САД.
Кога му стана јасно дека нема да избори место во тимот, Бејл прифатил понуда од Кина, која во последен момент ја одбил претседателот Флорентино Перез.
Реал во понеделникот и вторникот играше во Минхен, на Ауди куп, а Бејл одбил да патува со тимот во Германија. Психички бил истрошен, барем така му рекол на Зидан, кога побарал да не ди со екипата.
Во понеделникот додека Реал губеше од Тотенхем, Бејл игра голф во Мадрид. Токму на таа тема го „нападнале“ новинарите Зидан по вчерашната победа над Фенербахче 5-3.
„Не знам што правел тој. Тука сум со тимот и не можам да ви одговорам на ова прашање. Се надевам дека тренираше во Мадрид. Што ќе биде со него ќе видиме кога ќе се вратиме назад. Не се мешам во приватноста на другите. остана во Мадрид да тренира и сигурен сум дека го правел тоа“, рекол Зидан, а потоа луто реагирал на прашањето на германски новинар.
„Тој играл голф додека Реал играше против Тотенхем, мислите ли дека со тоа покажал непочитување“?
„Нема да ме ставите во ситуација во која јас не сакам да бидам. Можете да прашувате но јас на такви прашања нема да ви одговорам“, рекол тренерот ан Реал.