Манчестер Јунајтед се подготвени да платата 80 милиони фунти за играчот од одбраната на Лестер, Хари Мегвајер, објавија британските медиуми. Доколку трансферот биде реализиран тоа ќе биде нов светски рекорд за дефанзивец.
Мегвајер (26) покажал незадоволство и побарал да го напушти клубот, откако челниците на Лестер ги одбиваа понудите на Јунајтед. Англискиот репрезентативец има договор со Лестер до 2023 година.
Во Јунајтед се сигурни дека со Мегвајер ќе ги решат сите проблеми во централниот дел на одбраната.
„Црвените ѓаволи“ летово ги потпишаа Арон Ван-Бисака од Кристал Палас и Даниел Џејмс од Свонси.