Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Леонардо, одржал состанок до првата ѕвезда на тимот, Нејмар. Напаѓачот сака да го напушти тимот, а наводно постоеле пет сценарија како тоа може да се случи. Шестото сценарио е Најмар и наредната сезона да биде играч на францускиот шампион.
Пари Сен Жермен не се против евентуалниот трансфер, но и порачале на Барселона дека сакаат пари, не ги интересираат играчи што Каталонците се обидуваат да ги вклучат во трансферот.
Првото сценарио е најважно. Пари Сен Жермен им поставиле услов на челниците на Барселона, доколку се заинтересирани тоа да го направат најдоцна до 10 август. Доколку дотогаш уплатат 180 милиони евра Нејмар може да си оди, во спротивно нема да преговараат.
Второто сценарио е Нејамр да биде играч на Пари Сен Жермен и оваа сезона, а по завршувањето на истата да си замине за помала сума на пари.
Третото сценарио е она што го понудиле од Барселона, 40 милиони евра и двајца играчи за Нејмар.
Четвртото сценарио е исто така понудено од Барселона, Нејмар да замине како позајмен играч, а по завршувањето на сезоната да биде откупен.
Овие две сценарија веднаш биле одбиени од Пари Сен Жермен.
Петтото сценарио е трка со времето. Барселона го продадоа Малком во Зенит за 40 милиони евра и во наредните седум дена ќе треба да продаде двајца или тројца играчи за да соберат уште 140 милиони евра.
Од оваа дистанца изгледа дека трансферот на Нејмар нема да биде реализиран.