Американскиот кошаркар Ди-Џеј Купер се обидел на интересен начин да ја измами допинг контролата.
Контролорите биле шокирани кога ги виделе резултатите од допинг-тестот на Купер. Тие покажале дека Американецот е бремен. Дури тогаш контролорите ја разбрале измамата. Веројатно е дека за него ќе има некаква казна.
Инаку, Ди-Џеј Купер пред неколку години на мистериозен начин ги напуштил подготовките на репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Во кариерата играч за неколку познати клубови: Панатинаикос, АЕК Атина, ПАОК, Монако…