Top Sport

Соиграч на Јаховиќ мета на расиситчки навреди

Малатијаспор синоќа, со голот на поранешниот македонски репрезентативец Адис Јаховиќ, успеа да ја мине Олимпија во второто квалификациско коло за пласман во Лига Европа. Првиот меч во Турција заврши 2-2, а во реваншот Малатијаспор победи 1-0. Мечот го обележаа расистичките навреди упатени кон голманот на Малатијаспор, Фабиен Фарнол.

Турските медиуми пишуваат дека повеќе пати во текот на натпреварот 34 годишниот голман бил навредувам од домашната публика, поради што по завршувањето на мечот тој во соблекувалната „плачел како дете“.

Констатција на турските медиуми е дека вакви испади не смее да има во Европа и дека УЕФА ќе треба да ја казни Олимпија.

Scroll to Top