УЕФА решија уште еднаш да ги поместат границите во фудбалот со одлуката жена да го суди финалето во Суперкупот помеѓу Ливерпул и Челси.
Честа да ја дели правдата на натпреварот помеѓу Премиер лигашите ја добо Стефани Фрапар, а ќе и помагаат Мануела Николоси и Мишел О’Нил.
Суперкупот ќе се одигра на 14 август во Истанбул, на стадионот на Бешикташ. Фрапар минатиот месец го судеше финалето на Светското првенство за жени помеѓу САД и Холандија.
Таа има испишано и својата земја кога беше делегирана за главен судија на мечот пд Првата лига помеѓу Стразбур и Амиен.