Top Sport

Погба не отпатувал за Кардиф, Солскјер вели дека бил повреден

Пол Погба не се откажува од намерата да го напушти Манчестер Јунајтед, иако во клубот немаат намера да го продадат. Неговиот вчерашен потег би можел да ја смени ситуацијата. Погба не се појавил на летот за Кардиф, каде Манчестер Јунајтед денес ќе играат натпревар во рамките на Меѓународниот куп на шампионите.

„Спортмејл“ објави дека неговото отсуство ги изненадило тренерите и соиграчите, бидејќи тој бил на спискот за Кардиф. Менаџерот Оле Гунар Солскјер, во Велс, на новинарите им изјавил дека Погба е повреден.

„На крајот од денешниот тренинг Пол почувствува болки во грбот, истиот проблем го имаше минатата недела кога пропусти еден тренинг во Осло. Мислам дека ќе биде подготвен на почетокот на наредната недела“, рекол Солскјер, но „Спортсмејл“ тврдат дека тој само се обидувал да го затскрие проблемот.

Погба од почетокот на преодниот рок се поврзува со Реал Мадрид. Пречка за реализaција на трансферот е сумата од 180 милиони евра што ја бараат Манчестер Јунајтед. Од Реал дури го предупредиле Погба да не ја отежнува ситуацијата за да не ги налути челниците на „црвените ѓаволи“.

Scroll to Top