Фудбалскиот клуб Челси ги објави бројките што на дресовите ќе ги носат фудбалерите во новата сезона. Единствена поголема промена е што „десетката“ доби нов сопственик.
Откако Еден Азар замина во Реал Мадрид „десетката“ остана слободна и овој број наредната сезона ќе го носи Бразиелцот Вилијан. Изминатите шест сезони Вилијан го носеше бројот 22.
Интересно, Вилијан ја носеше „десетката“ и во бразилската репрезентација на Копа Америка, откако Нејмар се повлече поради повреда.
Бројката ја смени и Андреас Кристенсен, тој ќе го носи бројот четири, додека Тами Абрахам ја наследи „деветката“ на Гонзало Игуаин. Тиемуе Бакајоко кој се врати од Милан, каде играше на позајмица, повторно ќе го носи бројот 14.
? A closer look at this year's squad numbers! pic.twitter.com/yxAHGRwakd
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 3, 2019