Капитенот на фудбалската репрезентација на Панама и играч на Сиетл, Роман Торес (33) паднал на допинг-тестот, поради што добил суспензија на десет натпревари.
Торес ќе биде и парично казнет, односно ќе му бидат одземени 20 отсто од годишната плата која изнесува 740.000 долари.
Челниците на МЛС –лигата не објавија на која забранета супстанца бил позитивен Торес.
Додека му трае казната Торес нема да смее да тренира со својот клуб, ниту да ги користи клупските терени.