Пари Сен Жермен се закити со првиот трофеј во новата сезона. Дуелот во кој ПСЖ славеа над Рен 2-1 мина во знаот на Нејмар иако Бразиелцот воопшто не беше во комбинација за настап.
Нејамар полека влегува во „војна“ не само со челниците туку и со сите во клубот. Тоа му е испробана тактика за да издејствува трансфер, слично правше и кога заминуваше од Барселона. Сега сака да се врати назад на „Ноу Камп“.
Камеирте го „уловија“ како со ладен поглед го проследи мајсторскиот гол на Ди Марија кој го постави конечниот резултат 2-1.
Работите кулминираа на прославата, по доделувањето на пехарот. Најпрвин Верати го однесе Нејмар кај соиграчите, Италијанецот го забележа Бразилецот дека стои сам, а потоа Мбапе го оддалечи Нејмар кога тимот требаше да направи заедничка фотографија со пехарот.
Then Kylian Mbappé appears to force Neymar out of the team photo. pic.twitter.com/8HKmd6jmvV
— Get French Football News (@GFFN) August 3, 2019