Top Sport

Богдановиќ до Антиќ: Ќелав дали е можно? (Видео)

Перо Антиќ синоќа со тројка на седум секунди до карајот на натпреварот ја завери победата на Црвена звезда во Мадрид над Реал (87:83). Настапот на Атиќ го воодушевил неговиот поранешен соиграч од Фенербахче, Богдан Богдановиќ, кој сега игра во НБА за Сакраменто Кингс.

Антиќ и Богдановиќ две години беа соиграчи во Фенербахче, а минатата сезона ја освоија титулата во Евролигата.

Бекот на Сакраменто на Твитер ја коментираше тројката на Македонецот.

„Ќелав, дали е можно дека уште паѓаат на твојата финта?“, прашал Богдановиќ.

Тројката на Антиќ според Евролигата е најдобриот потег во 10.коло, а интересно Црвена звезда е првиот клуб од Србија кој по 44 години успеал да победи во Мадрид.

Scroll to Top