Top Sport

Не го мразат сите навивачи на Ливерпул Рахим Стерлинг

Рахим Стерлинг не е најомилениот фудбалер на навивачите на Ливерпул, но тоа не му пречеше на напаѓачот на Манчестер сити да остане на „Вембли“ во неделата и да го подари својот дрес на еден од навивачите на „црвените“.

24-годишниот Стерлинг, кој замина од „Енфилд“ во 2015 година, а лани на една прослава изјави дека „никој“ не сака Ливерпул да ја освои титулата од Премиер лигата, беше пречекан со свирежи на „Вембли“. По крајот на мечот, тој отиде кај навивачката на Ливерпул и го подари дресот, пред да се фотографира со неа.

 

Стерлинг: Никој не сака Ливерпул да е шампион

Scroll to Top