Поранешниот шампион од новогодишната турнеја „4 Скокалници“, Томас Дитхарт е уште во болница по падот на тренингот во средата, и се „пофали“ со фотографија на неговото лице и прашање – дали треба да се обиде со некој друг спорт.
25-годишниот Австриец доби повреди на главата и на белите дробови при падот на тренинг на скокалницата во Рамсау во средата, а фотографијата која ја објави страшно наликува на слично фото кое го направи во февруари 2016 година по падот на натпреварувањето од Континенталниот куп во Бротероде, Германија. По ова следеше уште еден тежок пад на летната турнеја. Видео од последниот пат не е објавено (сепак се работи за тренинг), така што можеме само да ве потсетиме на неговиот прв пад во Бротероде.
„Проблемот е ментален. Скоковите се детална работа и ментално имам некоја сопирачка“, изјави пред стартот на зимската сезона, Дитхарт.
Дитхарт победи на „4 скокалници“ во 2014 година, но оттогаш се обидува да ја врати формата и да се врати на натпреварувањата од Светскиот куп. Можеби навистина треба да се обиде со нешто друго?