Поранешниот капитен на Арсенал, Лорен Косиелни ја оствари својата желба и потпиша со Бордо во трансфер вреден 5 милиони евра, но видеото со кое го претставија Жирондинците не наиде на добра реакција кај фановите на „топчиите“.
По девет години во северен Лондон, 33-годишниот Косиелни ова лето одби да патува во САД како дел од турнејата на клубот, а сега видеото во кое тој го соблекува дресот на Арсенал за под него да го има дресот на Бордо, наиде на негативни реакции кај навивачите на Арсенал кои сметаат дека така покажува непочитување кон клубот.
Glad he’s gone. Club captain and acts like a trollop. Get in the bin @6_LKOSCIELNY pic.twitter.com/dYgoIhAlHV
— Luke Brook (@_LukeDowell) August 6, 2019
Was there a need for this @6_LKOSCIELNY ? The disrespect to #Arsenal football club is alot. Wasteman!!! pic.twitter.com/giizZPbqVy
— KennyG (@KennyGy2k) August 6, 2019
И покрај оваа „лоша крв“, Косиелни на Инстаграм со љубов се прости од Арсенал.
„Поминав прекрасни девет години во Арсенал, во кои раснев, еволуирав и научив многу. За одлуката да го напуштам клубот дискутирав со месеци со клубот, соиграчите, тренерот и не се работи за избрзана одлука. Ова е нова пресвртна точка во мојот живот како фудбалер, но и како семеен човек. Благодарен сум на годините кои ги поминав во Арсенал, но време е да си одам дома“, напиша Косиелни.