Манчестер јунајтед ги прекинале преговорите со Кристијан Ериксен за трансфер од Тотенхем, бидејќи не биле подготвени да платат 80 милиони фунти колку што финалистите од ЛШ барале за Данецот, кој најверојатно ќе заврши во Шпанија.
Ериксен има уште договор за уште една сезона со Тотенхем, а по крајот на минатата сезона изјави дека сака нов предизвик, со можен трансфер во Реал Мадрид, кој не се оствари. Според „Би-би-си“ Јунајтед не биле подготвени да дадат повеќе од 60 милиони фунти за Данецот, но Тотенхем не „попуштале“.
Од друга страна шпанска „Марка“ тврди дека Оле Гунар Солскјер би ја одобрил продажбата на Пол Погба доколку се најде достојна замена од средината на теренот.