Челси не му приреди убав дочек на својот поранешен менаџер Рафа Бенитез, откако се вратија од гол негатива за 3:1 победа над Њукасл за да го одржат темпото со лидерите во Премиер лигата.
Њукасл дојде во водство уште во 12. минута, кога поради неколку грешки во одбраната, Двајт Гејл ја смести топката зад грбот на Тибо Куртоа. Сепак, надежите на „свраките“ дека можат да си заминат со три поени од „Стемфорд Бриџ“, траеја само девет минути, кога Еден Азар по една одбиена топка со ефективен удар израмни.
Во 33. минута, Алваро Мората по една нафрлена топка на Виктор Мозес се „истурка“ за да ги доведе Челси во водство, пред во 74. минута да биде досуден пенал, по кој Азар беше сигурен реализатор.
Челси сега има 32 поени на третото место, исто колку и Манчестер јунајтед, кои вечерва гостуваат на Арсенал, а осум помалку од лидерите Манчестер сити, додека Њукасл е на 12. место со 15 освоени поени.