Францускиот напаѓач на Арсенал, Оливие Жиру очекува неговата репрезентација да стигне најмалку до полуфиналето на Светското првенство во Русија, по што додаде дека Англичаните се „посебно исплашени“ од тимот предводен од Дидие Дешам.
Шампионите од 1998, Франција, се во група Ц со Австралија, Перу и Данска, и сакаат подобар пласман од 2014, кога во четврт-финалето загубија од подоцнежните шампиони Германија. Жиру постигна четири гола во осум настапи за Франција во квалификациите за „Лес блес“ да завршат пред Шведска и Холандија во својата група.
„Очигледно, прво треба да се помине групата, бидејќи секогаш сум ги почитувал противниците. Убаво е да се зборува, но треба да излеземе и да одиграме. Пред неколку недели изјавив дека сакаме да бидеме подобри од 2014, така што целта е барем полуфинале. Во Англија, во соблекувалните знам дека посебно се исплашени од нас, бидејќи имаме талентирана генерација“, вели 31-годишниот Жиру во интервју за „РМЦ спорт“.