Top Sport

Гундоган останува во Сити до 2023 година

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Илкај Гундоган го продолжи договорот со шампионите од Премиер лигата на дополнителни три години, со што ќе остане во тимот на Пеп Гвардиола до 2023 година.

Германецот дојде во Манчестер од Борусија Дортмунд во 2016 за 25 милиони фунти, а имаше уште една година од претходниот договор. Тој лани имаше 50 настапи за Сити, постигнувајќи шест гола и осум асистенции за домашна тројна титула (Премиер лига, ФА куп, Лига куп).

„Уживав во последните три години во Сити и сите во клубот направија да се чувствувам како дома од првиот ден. Игравме одличен фудбал последните неколку сезони и имавме многу успех и сакам тоа да продолжи“, изјави Гундоган.

Scroll to Top