Top Sport

Рашфорд: Јунајтед е повторно „нормален“

Англискиот фудбалски репрезентативец, членот на Манчестер Јунајтед Маркус Рашфорд вели дека ситуацијата во клубот најпосле се нормализираше.

По турбулентните периоди со Луј Ван Гал и Жозе Мурињо, Јунајтед е подготвен за сезона со Слскјер во полна улога – шеф на стучниот штаб.

За разлика од двајцата споменати, Рашфорд смета дека Солскјер има јасна идеја и го пронајде вистинскиот баланс во тимот.

„Ќе научите различни работи од различни менаџери. По водство на Ван Гал се беше совршено, затоа што тој имаше трпение и можев многу да научам за фудбалот. Тогаш дојде Мурињо, имавме сјајна соработка, но сега кога е Оле тука најдобро ги комбинираме работите. Се чини дека го најде баансот и Јунајтед е стабилен и „нормален“ – вели Рашфорд.

Манчестер нема пораз во подготвителниот период, а одбраната ја засилија со Мегвајр од Лестер.

Scroll to Top