Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан инсистира дека Герет Бејл и Хамес Родригез ја имаат неговата „стоотстотна поддршка“ додека се фудбалери на Реал Мадрид, но признава дека до 2 септември двајцата можат да заминат.
Бејл беше на чекор пред трансфер во Кина, пред клубот да ја стопира продажбата, додека Хамес цело лето е поврзуван со трансфер во Наполи, но и Атлетико Мадрид откако се врати во Реал по двегодишната позајмица во Баерн Минхен.
Во поразот на пенали од Рома (по 2:2 во регуларните 90 минути) во неделата, Бејл доби шанса како замена, додека Хамес нема ниту еден меч во пред-сезоната.
„Хамес и Бејл се фудбалери на овој тим. Двајцата се регистрирани фудбалери на Реал, но сè е можно и јас како тренер на Реал, морам да сметам на нив. Хамес беше повикан во тимот, но и тоа може да се смени пред крајот на преодниот рок“, вели Зидан.
Тој исто така зборуваше за Нејмар и Пол Погба, двајца фудбалери кои се поврзувани со трансфери на „Сантијаго Бернабеу“.
„Сега сме тука со фудбалерите кои ги имаме и размислувам само за саботниот следен меч“, вели Зидан посочувајќи на првото коло од Ла лига против Селта.