Eден од најпознатите шпански тенисери, четирикратниот гренд слем шампион, Маноло Сантана ќе го прослави својот 80. роденден во мај 2018 со специјално предавање на управувањето на неговиот домашен турнир Мадрид опен на Фелисијано Лопез.
Сантана ќе стане почесен турнир на Мастерс 1000 турнирот во славната „Каха магика“, кога Лопез ќе стане директор на турнирот.
„Мутуа Мадрид опен секогаш ќе биде мојот дом и направивме многу да го изградиме посебен турнир. Фели доаѓа во вистинско време и ќе се обидам да го научам на бизнисот. Околу тенисот знае сè бидејќи играше тука секоја година“, вели Сантана.
Лопез е единствениот тенисер кој учествувал во сите 16 изданија на Мастерс турнирот, од воведувањето на турнирот во 2002 како есенски турнир на тврда подлога, до сегашниот формат на пролетен турнир во мај на црвена земја.
36-годишниот Лопез оваа година ја освои најголемата титула во кариерата победувајќи на Квинс Клаб во Лондон. Тој се пресели во Мадрид оваа година, но не дава знаци дека сака да прекине со тенисот, и има низа од 63 последователни настапи на гренд слем турнири, и ако игра на Австралија опен, Ролан Гарос и неговиот омилен Вимблдон ќе го сруши рекордот на Роџер Федерер од 65 последователни гренд слема.