Барселона потврди дека централниот дефанзивец Самјуел Умтити поради повредата со која се здоби на дуелот со Селта ќе отсуствува два месеци. Францускиот репрезентативец ќе пропушти вкупно 14 натпревари меѓу кои е и дербиот со Реал на 23.декември.
Повредата на Умтити повоторно ја отвори опцијата Барселона, во јануарскиот преоден рок, да се засилува во дефанзивата.
Тренерот Ернесто Валверде ги има во тимот Хавиер Маскерано и Томас Вермален, но тој не им верува премногу на овие двакца поради што побарал од клубот да биде активен на трансфер пазарот.
Барса има неколку решенија за местото на Умтити. Јери Мина од Палмерирас е речиси играч на Барселона, но трансферот ќе биде реализиран по Мундијалот во Русија. Исто така повторно е актуелен и Ињиго Мартинез од Реал Сосиедад чија откупна клаузула изнесува 30 милиони евра.
Една одо опциите е и талентираниот дефанзивец на Ајакс, Матис де Лихт, но изгледа дека најреалната желба кој може да се реалзиира е Емерик Лапорт од Атлетик Билбао со кгоо Валверде соработуваше три години.