Top Sport

Ѓоковиќ со победа над Квери избори осминафинале во Синсинати

Бранителот на титулата на Мастерс турнирот во Синсинати, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето откако го победи Американецот Сем Квери со 2-0 во сетови, 7-5 и 6-1.

Првиот светски рекет до победата дојде по 78 минути на терен. Тој четирипати му направи брејк на Квери, за разлика од Американецот кој само една го зема сервисот на противникот и тоа во првиот гем во првиот сет.

Ова беше прв меч за Ѓоковиќ по финалето на Вимблдон на 14 јули кога славеше победа над Роџер Федерер.

„Бев нервозен на почетокот на мечот, не сум играл неколку недели и ми требаше време да се прилагодам. Направив три двоструки сервис грепки во првиот гем и не беше тоа добар почеток. Мечот беше незгоден, противникот квалитетен, но задоволен сум што од почеток имав ваков предизвик. Се надевам дека во наредниот меч ќе бидам уште подобар“ – изјави Ѓоковиќ.

Србинот во осминафиналето ќе игра против Шпанецот Пабло Карењо Буста кој по три сета беше подобар од Американецот Џон Иснер.

Scroll to Top