Top Sport

Бен Једер од Севилја оди во Монако за 40 милиони евра

Француски Монако потпиша петгодишен договор со напаѓачот на шпанска Севилја, Висам Бен Једер (29), објавија денеска од францускиот клуб.

Иако финансиските детали не се познати, медиумите пишуваат дека Бен Једер дојде во Севилја во 2016 година и за три сезони во Андалузија одигра 138 меча, а постигна 70 гола.

„Среќен сум што прејдов во Монако. Го избрав овој клуб затоа што верувам во тој проект и одлучен сум да направам се што е во моја моќ за да ги оствариме заедничките амбиции“ – рече фудбалерот.

Во обратна насока, од Франција кон Шпанија прејде играчот од средниот ред, Португалецот Рони Лопез. Шпанските медиуми пишуваат дека и тој потпишал петгодишен договор, а трансферот изнесува 20 милиони евра.

Монако минатата сезона ја заврши на очајното 17. место, а новата сезона ја започна со домашен пораз од Лион со 0-3.
https://youtube.com/watch?v=QJjuOzQ01p8

Scroll to Top