Суперкупот на УЕФА помеѓу Ливерпул и Челси беше прекинат по само 10 минути игра, откако еден умешен навивач успеа да истрча на теренот.
Ова е вторпат меч за европска титула на Ливерпул да биде прекинат од непожелен гостин на теренот, откако претходно и на финалето на ЛШ против Тотенхем, една жена успеа да „избега“ на обезбедувањето и да излезе на теренот.
Ќе видиме дали среќата ќе ги посака Ливерпул и овојпат и ќе го кренат трофејот, иако од 37. минута од мечот губат со 0:1 со голот на Оливие Жиру.
Another pitch invader for #Liverpool game ? #uefasupercup2019 pic.twitter.com/a4Z56BRvGb
— VBET News (@VBETnews) August 14, 2019