Галатасарај доживеа незгоден пораз од 2:0 на гостувањето кај Денизлиспор во првото коло на Турската Суперлига, откако тимот на Фатих Терим беше блиску до победа.
Галата имаше шанса да дојде во водство во 29. минута со досудениот пенал, но Селџук Инан не беше прецизен од белата точка, по што домаќините ја искористија предноста со играч повеќе (Марсао доби црвен картон во 43. минута).
Реџеп Нијаз во 75. минута донесе 1:0 водство за Денизли, за Хуго Родалјега да ги постави конечните 2:0 во судиското продолжение.