Легендарниот Бразилец Жунињо Пернамбукано доби прекрасен пречек од навивачите на Лион, откако се врати во управата на клубот по 10 години.
Поранешниот фудбалер на Лион, од неодамна е спортски директор на клубот, а навивачите очигледно не го заборавија, откако направија фантастичан кореографија пред мечот со Анжер во Лига 1.
Жунињо играше за Лион од 2001 до 2009 година, освојувајќи седум титули во Франција во низа, а остануваат познати неговите квалитети од слободен удар.
По овој пречек следуваше лудиот меч во кој Лион стигна до 6:0 победа
Juninho in Lyon. Again. pic.twitter.com/JWaTHGCCv1
— Daily Betting Tips (@101tips_app) August 16, 2019