Мото ГП легендата, Валентино Роси стигна до рекордна шеста победа на Монца релито и покрја казната од 10 секунди поради прелесен автомобил.
Роси, заедно со својот редовен со-возач, Карло Касино, направи предност од шест секунди пред поранешниот ЛМП1 возач, Марко Бонамони (Ситроен), но откако доби казна од 10 секунди, деветкратниот мотоциклистички шампион се најде на 2.7 секунди зад сонародникот.
Сепак, во претпоследната етапа, Бонамони двапати излезе од патеката што му даде шанса на Роси на крајот да направи 5.7 секунди предност и да го помине Риналдо Капело со шестата победа. Бонамони на крајот беше трет зад ВРЦ возачите Тјери Нојвил и Андреас Микелсен, кои се менуваа зад воланот на Хјундаи И20.
Монца релито се вози на славната Ф1 патека на крајот на секоја ВРЦ сезона.