Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во неделата ги прогласи најдобрите во сезоната 2016/2017. Меѓудругите лауреати на ФФМ се Стефан Спировски, Бесарт Ибраими, Енис Барди, Елиф Елмас, Гоце Седлоски…
Најдобар играч во македонското првенство е Стефан Спировски кој со Вардар ја освои шампионската титула, а потоа беше дел од тимот кој избори пласман во фазата по групи во Лига Европа, а потоа се пресели во Ференцварош.
Енис Барди, пак од Унгарија направи трансфер во Шпанија, во Леванте, каде што блеска оваа есен. Барди е прогласен за најдобар репрезент на македонскиот фудбал во странство.
Сезоната ја обележа и Елиф Елмас кој од работнички замина во Фенербахче, а беше и дел од младата репрезентација која настапи на Европското првенство во Полска. Елмас го доби признанието за најдобар млад играч.
Тренер на сезоната е Гоце Седолски, кој со Вардар ја одбрани шампионската титула, а летово го напушти клубот.
Бомбардерот на Шкендија, лидерот во домашното првенство по есенскиот дел од сезоната, Бесарт Ибраими ја доби наградата за најдобар стрелец.
Најдобрите во сезоната 2016/2017
Тренер: Гоце Седлоски (Вардар)
Играч: Стефан Спировски (Вардар)
Стрелец: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тренер во женски фудбал: Кирил Изов (Истатов)
Фудбалерка: Илза Максути (АС Јунајтед)
Стрелец во женски фудбал: Ленче Андреевска (Драгон)
Тренер во Футсал: Зоран Лекиќ (Шкупи)
Најдобар играч во Футсал: Александар Глигоров (Велес)
Тренер во младински фудбал: Горан Станковски (Работнички)
Најдобар млад играч: Елиф Елмас (Работнички)
Стрелец во младински фудбал: Александар Мишов (Академија Пандев)
Најдобар клуб во младински фудбал: Работнички
Фудбалски работник: Илија Матеничаров (Академија Пандев)
Фер-плеј екипа: Работнички
Судија: Александар Ставрев
Најдобар репрезент во странство: Енис Барди (Леванте)