Чудото од дете, Жоао Феликс (19), во првиот официјален настап за Атлетико Мадрид покажа зошто „јорганџиите“ за него на Бенфика и платија 126 милиони евра.
Атлетико, синоќа на „Ванда Метрополитано“, го победија Хетафе со голот на Алваро Мората, но фудбалскиот свет е воодушевен од она што го направи Феликс во 54 минута.
Тинејџерот прими топка на 70 метри од голот на Хетафе кога го започна својот танц со кој во очај ја фрли целата дефанзивна линија на противникот.
Најпрвин на еден од противниците топката му ја турна низ нозе, двајца успеа да врзе во глужд и да ги испрати во празно, а откако стигна до шеснаесетникот Бруно успеа да го сопре со фаул за пенал.
Не е само јасно зошто тој не го изведе пеналот. Мората ја презеде одговорноста, а неговиот удар го одбрани Сорија.