Top Sport

Црногорките потклекнаа пред олимписките шампионки

Ракометарките на Црна Гора се поразени од Русија 24:28 (12:15) во централниот натпревар од второто коло на Светското првенство кое се одржува во Германија.

Црногорките беа во егал со олимписките шампионки до 49.минута, кога ракометарката на Вардар, Јованка Радичевиќ од седмерец ја погоди гредата, потоа Русинките постигнаа гол за 23:24, а во наредниот напад Катарина Булатовиќ биеше во дирекот.

Булатовиќ во наредните два напади на Црна Гора загуби две топки, Русинките ги казнија грешките и стигнаа до втората победа на Мундијалот.

Радичевиќ постигна пет гола, а најевикасна кај Црна Гора беше Булатовиќ со седум. Русија ја предводеше Дарија Дмитриева со пет гола.

Група А:

Словенија-Романија 28:31
Ангола-Франција 19:26
Парагвај-Шпанија 15:32

Табела: Шпанија 4, Романија 4, Словенија 2, Франција 2, Ангола 0, Парагвај 0

Група Б:

Полска-Чешка 25:29
Унгарија-Шведска 22:25
Аргентина-Норвешка 21:36

Табела: Норвешка 4, Чешка 4, Полска 2, Шведска 2, Унгарија 0, Аргентина 0

Група Ц:

Тунис-Бразил 22:23
Црна Гора-Русија 24:28
Јапонија-Данска 18:32

Табела: Русија 4, Данска 3, Бразил 3, Црна Гора 2, Јапонија 1, Тунис 0

Група Д:

Камерун-Србија 21:34
Кина-Холандија 15:40
Јужна Кореја-Германија 18:23

Табела: Србија 4, Германија 4, Ј.Кореја 2, Холандија 2, Камерун 0, Кина 0

Scroll to Top