Навивачите на Ливерпул одамна знаат дека Мо Салах е вистински „магионичар“, но во последната реклама за новите „Х19+“ копачки на „Адидас“ тој го докажа тоа откако трчаше по вода.
Египетскиот фудбалски „фараон“ гледа директно во камерата, пред да го остави телефонот и со новите копачки да истрча во водата, каде што „нормално“, не потонува, туку се враќа со топката и со насмевка на лицето.