Продолжува сапуницата со трансферот на Мауро Икарди. Италијанските медиуми тврдат дека тој без размислување ја одбил понудата на Наполи, дури не попуштил и пред убедувањата на неговата сопруга, која е и негов менаџер.
Сопругата на фудбалерот, Ванда Нара, договорила годишна плата од седум милиони евра и правата од маркетинг продажбата да му припаднат на Икарди. Фудбалерот немал намера да оди во Неапол.
Се шпекулира дека Икарди чека повик од Јувентус, иако од Торино не можат да понудат 65 милиони евра колку што се подготвени да платат од наполи.
Икарди гради нова куќа во Милано и немал никаков проблем да остане во Интер, иако сите во клубот го прогласија за непожелен.
Медиумите пишуваат дека тој имал намера да чека до јануари и доколку му се укаже шанса тогаш да се пресели во редовите на „старата дама“.