Многумина беа зачудени од состојбата на теренот на кој Шкупи го пречека Вардар во последното коло од есенскиот дел од македонското првенство, но очигледно не сме единствени со такви терени – посебно ако се погледне Босна и Херцеговина.
Покрај тоа што теренот е повеќе во кал отколку на трева, Слобода во Тузла го пречека Челик од Зеница за да стигне до лесна 3:0 победа.
Сепак, резултатот можеше да биде повисок, откако Граховац имаше неверојатна соло шанса пред голот на Челик, но реши да му ја остави топката на Тодоровиќ. „Прекрасниот“ стадион инаку се вика „Тушањ“.