Светскиот рекет број 3, Григор Димитров во иднина нема да биде претставуван од менаџерската агенција на Роџер Федерер „Тим8“.
Договорот на бугарскиот тенисер со својот „ментор“ Федерер завршува на 31 декември и таа нема да биде обновена. Федерер ја основаше „Тим8“ во 2013 година заедно со својот долгогодишен агент Тони Годсик со идејата да ги претставуваат најдобрите спортисти од целиот свет, а првиот клиент им беше Хуан Мартин дел Потро, додека Димитров работеше со него од 1 јануари 2014 година.
Димитров ја заврши најдобрата сезона во својата кариера во која стигна до првата Мастерс титула и до трофејот од АТП финалето во Лондон, со што се искачи на третото место на АТП-листата.
Тој ќе продолжи да работи со својот долгогодишен менаџер, Георги Стоименов, со кого има соработка од почетокот на тениската кариера.