Бугарскиот тешкаш Кубрат Пулев сака да обезбеди нов меч со Ентони Џошуа откако поради повреда го откажа мечот за титулата, вели неговиот промотер, Нисе Зауерланд.
Пулев се повлече поради повреда на рамото само 11 дена пред мечот со Џошуа, кој реши својата ВБА супер-титула и ИБФ трофејот да го брани против Карлос Такам, нокаутирајќи го Французинот во Кардиф на 28 октомври.
Пулев уште е високорангиран кај ВБА и ИБФ федерациите и Зауерланд вели дека „Кобрата“ ќе дојде повторно во позиција да го предизвика Џошуа.
„Кубрат уште е еден од најдобрите тројца тешкаши на светот, така што мечот со Еј-Џеј не е заборавен. Дали го сака тој меч? Секако, но не сум сигурен дали тоа го сака Џошуа. Сега Џошуа е ѕвезда надвор од боксот“, вели Зауерланд.
Германецот Мануел Чар ја освои „редовната“ ВБА титула со победа над поени над Александер Устинов и може да биде првата „мета“ на Пулев, додека Џошуа преговара за меч за обединување на титулите со ВБО шампионот Џозеф Паркер.
„Кубрат се врати на лесни тренинзи и сега го планираме следниот потег. Разочарувањето е огромно, но со победата на Чар сега имаме опции. Тоа е реална можност за Пулев“, додава Зауерланд.
Мануел Чар прв германски шампион во тешка категорија по 85 години (видео)