Џенова официјално потврди дека го обезбеди потписот на поранешниот напаѓач на Фиорентина и на италијанската репрезентација, Џузепе Роси на слободен трансфер.
Роси ќе ја има презентацијата во вторник навечер во музејот на клубот, а италијанските медиуми тврдат дека тој има договор со „Грифоне“ до крајот на сезоната.
30-годишниот поранешен играч на Манчестер јунајтед и Вилјареал беше отпуштен од Фиорентина во текот на летото откако доби петта сериозна повреда на коленото во периодот во кој беше на заем во Селта Виго.
Роси во кариерата има 29 настапи за италијанската репрезентација, иако последниот повик беше во 2014 година.
Џенова во моментов е само 17. во Серија А со само две победи во 14 кола и 10 поени, а вечерва игра со 19-пласираната Верона во дерби на дното.
? Il Genoa Cfc comunica che domani, martedì 5 dicembre, presso la Sala 1893 del #GenoaMuseum ?, è prevista la presentazione ai media dell’attaccante @GiuseppeRossi22 ⚽️ ➡️ https://t.co/xw0yUMU2Ye pic.twitter.com/9dC01NMSWL
— Genoa CFC (@GenoaCFC) December 4, 2017