Top Sport

Рој Џонс Јуниор: Се чувствувам како Русин (видео)

Боксерската легенда Рој Џонс Јуниор во интервју за „РТ спорт“ вели дека се чувствува како Русин откако присиствуваше на мечот во средно-тешка категорија помеѓу Сергеј Ковалев и Ентони Јарди во Чељабинск, на Урал.

Џонс, кој е роден и израснат на Флорида, се смета за еден од најдобрите боксери на неговата генерација и освојуваше титули од средна до тешка категорија во 75 меча во професионалната кариера. Неговото владеење во средно-тешката категорија од 1997 до 2001 е најдолго во историјата на категоријата.

Тој доби руски пасош во 2015 година директно од рускиот претседател Владимир Путин и на фановите во Чељабинск им порачуваше: „Јас сум Русин“.

„Се чувствувам навистина добро, уживав во Чељабинск. Секако дека се чувствувам како Русин поради љубовта и почитта која ја добивам. Кога луѓето толку те сакаат, тие се како дел од твоето семејство, како браќа и сестри“, изјави Џонс.

Scroll to Top