Top Sport

Меси ќе отсуствува уште еден месец

Лионел Меси ги пропушти првите два натпревари на Барселона во Ла лига, против Атлетик Билбао (0-1) и Бетис (5-2). Аргентинецот се повреди на 5 август на тренингот на Барселона и оттогаш не тренирал со екипата.

Без Меси видливи беа проблемите во играта на гостувањето во Билбао, но тимот делуваше добро во неделата против Бетис.

Шпанските медиуми денес излегоа со нови информации околу повредата на аргентинскиот волшебник. Прогнозите не се охрабрувачки за тренерот Ернесто Валверде.

Меси во тимот би требало да се врати за околу еден месец, што значи дека ќе го пропушти првиот натпревар на Барселона во Лигата на шампионите и веројатно уште три натпревари во Ла лига.

Scroll to Top