Членовите на кошаркарската репрезентација на Србија, пред заминувањето на Светското првенство во Кина, му приредиле вистинско изненадување на легендарниот Жарко Паспаљ.
Српските кошаркари веќе неколку дена се во Кина, а од Кошаркарскиот сојуз на Србија на „јутјуб“ објавија интересно видео со наслов „Комшијата Паспаљ“.
Легендарниот кошаркар два месеци сам го уредувал заедничкиот двор, а пријателите од Сојузот му подариле нов кош.
И покрај тоа тие решиле да го изненадат. Како? Погледнете во видеото.