Top Sport

Болтон доби дополнителни 14 дена да го избегне банкротот

Фудбалскиот клуб Болтон во Англија доби нова шанса да го задржи членството во англиската фудбалска лига, пренесува „Скај спортс“.

Според информациите, ФА одлучила да не го исклучува клубот веднаш и да му даде 14 дена за да успее да се справи со финансиските проблеми.

За овој рок Управата има можност да го продаде клубот на друг сопственик или, пак, да докаже дека се уште имаат средства за егзистенција.

Ако Болтон не ги обезбеди финансиските гаранции, ќе биде исклучен од третата лига во Англија.

Поради долгови, Болтон сезонава стартуваше со минус 12 бода, а по четири кола, екипата освои само еден бод и моментно има скор -11 бода.

Фудбалскиот клуб Болтон е основан во 1874 година.

Најдобар клупски резултат е третото место во првата англиска лига (сегашна Преиерлига) каде последен пат се натпреваруваше во сезоната 2011/12.

Scroll to Top