Top Sport

На Барса и пропаднал траснферот на Нејмар, на потег се Реал

Пропаднале преговорите помеѓу Барселона и ПСЖ околу трансферот на Нејмар, тврди „Мундо Депортиво“. Некои други медиуми пак објавија дека денес е клучен ден за евентуалниот трансфер бидејќи во Монте Карло ќе се сретнат делегациите на двата клуба и тоа предводени од своите челници.

Барселона за Нејмар понудиле 135 милиони евра, двајца играчи (Ракитиќ и Тодибо), а како дел од трансферот сакале на едно годишна позајмица да го испратат Усман Дембеле.

ПСЖ ја одбиле понудата, не им бил потребен Тидибо, а Дембеле го сакале за стално. ПСЖ сакаат да ги врата парите што ги вложија пред две години во Бразилецот, тоа се 222 милиони евра.

Барселона имале банкарски гаранции, во договорот да нема бонуси и клаузули, меѓутоа на крајот останале со празни раце.

На потег сега се од Реал, но само доколку во понудата за Нејмар биде вклучен и младиот Винисисус Жуниор.

Scroll to Top