Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско, применил интересна тактика за да не биде продаден од страна на клубот. Играчот од средниот ред минатата сезона беше далеку од првиот тим, а додека тренер беше Сантијаго Солари речиси и да не играше.
Со враќањето на Зинедин Зидан се зголемија и неговите минути во првиот тим. По завршувањето на сезоната тој добил ветување од тренерот дека ќе има сериозна улога во тимот.
Сепак и покрај таквите гаранции тој решил да го примени својот план за да избегне да биде продаден. Планот е едноставен, тој го исклучил својот мобилен телефон до 2 септември кога ќе биде завршен преодниот рок.
Иско се уште стравува дека би можел да биде продаден или пак да биде дел од пакетот што го подготвува Реал во обидите да го донесе Нејмар.
Инаку, Иско во наредните три недели нема да биде во тимот поради повреда на бутниот мускул на десната нога со која се здоби во саботата на мечот со Валјадолид (1-1).