Top Sport

Фудбалскиот свет сочувствува со Луис Енрике

Поранешниот шпански селектор Луис Енрике синоќа објави дека неговата девет годишна ќерка Чана починала од рак на коските.

„Нашата ќерка не напушти денес по пет месечна борба со болеста. Неизмерно ќе ни недостасува, ние на неа ќе се сеќаваме до крајот на нашите животи и се надеваме дека некаде повторно ќе се сретнеме. Ќе бидеш ѕвезда водилна на нашето семејство. Морно спијај, Чанита“, објави семејството на Луис Енрике.

Луис Енрике, играчка и тренерска легенда на Барселона ненадејно во март годинава поднесе оставка на селекторската функција. До синоќа тој успешно криеше од јавноста зошто морал да ја напушти шпанската репрезентација.

Откако тажната вест се појави во јавноста, пораки со сочувство и поддршка до семејството на Луис Енрике испратија бројни клубови и фудбалери кои играле во тимовите што ги тренирал Луис Енирике.

„Сочувство до Луис Енрике и неговото семејство во овие премногу тешки моменти. Со вас сме шеф, сакаме да бидете јаки“, напишал Лионел Меси на „Инстаграм“.

„Тренеру навистина мие жал. Почивај во мир Чана“, напишал Џерар Пике, а Луис Суарез објавил: „Ова се болни и тажни моменти. Почива во мир Чанита. Им посакувам на Лучо, Елена и целата нивна фамилија да бидат силни“.

Преку социјалните мрежи се огласиле и Барселона, Реал, Атлетико, нивните претседатели…

Scroll to Top