Top Sport

ЛШ: Само сензација ги носи Атлетико и Спортинг во нокаут фазата

Денес и утре на програмата се натпреварите од последното коло во фазата по групи, во Лигата на шампионите. Барселона, ПСЖ; Баерн, Бешикташ, Челзи, Манчестер Сити, Тотенхем и Реал веќе обезбедија место во нокаут рундата, а за преостанатите осум места во трак се 14 екипи.

Манчестер јунајтед е во најдобра позиција во А-групата. „Црвените ѓаволи“ ја предводат табелата со 12 бода, три повеќе од Базел и ЦСКА Москва. Еден бод од дуелот со ЦСКА на Јунајтед ќе му го обезбеди првото место во групата. Во случај Јунајтед да биде поразен од ЦСКА, а Базел победи кај Бенфика тогаш ќе се направи круг од три тима со 12 бода, но и тука во најдобра положба е Манчестер јунајтед.

Базел ќе избори осмина-финале доколку оставри подобар или во најлош случај ист резултат како и ЦСКА. Русите се во тешка положба бидејќи мора да освојат бод повеќе од Базел.

Ситуацијата во Б-групата е чиста, осмина-финале имаат ПСЖ и Баерн, а во меѓусебниот дуел во Минхен ќе решат кој ќе биде прв. Повеќе шанси има ПСЖ поради победата од 3:0 во првиот натпревар. Работата е јасна и за местото кое води во Лига Европа, Селтик ќе го пречека Андерлехт во ситуација кога има три бода и триумф на првиот меч во Брисел од 3:0.

Ц-групата е незивесна но само на хартија. На Атлетико ќе му треба вистинско чудо за да стигне до второто место на табелата. Челси е сигурен осминафиналист од оваа група, а во последното коло ќе го пречека Атлетико. „Јорганџиите“ ќе треба да победат во Лондон и во исто време да чекаат во Рим да се случи сензација, односно Рома да не го победи Карабаг.

Барселона е победник во Д-групата, а за втората позиција се борат Јувентус и Спортинг Лисабон. Јуве е во нешто подобра позиција бидејќи има бод повеќе од Спотинг. Во последното коло Спортинг мора да победи во Барселона и во исто време да се надева дека Јувентус нема да слави кај Олимпијакос.

Scroll to Top