Петтиот носител на Ју-Ес опен, Данил Медведев, го навлече гневот на публиката со непримерната реакција по завршувањето на маратонскиот меч со Фелисијано Лопез.
Рускиот тенисер победи во четири сета (7/6, 4/6, 7/6, 6/4). Тој го издржа притисокот од трибините, публиката во голем број гласно го поддржуваше Шпанецот. По завршувањето на мечот Медведев на свој начин им се „заблагодари“ на навивачите.
Рускиот играч дискретно го покажа средниот прст во правец на публиката и судијата. Потоа им се обрати на навивачите на кои иронично им се заблагодари.
https://twitter.com/WTATea/status/1167619000043327489
Медведев во осмина-финалето ќе игра против Германецот Кефер.
“I want all of you to know, when you sleep tonight, I won because of you.”
So turns out Medvedev is the ultimate troll. pic.twitter.com/HkledS9nLr
— D'Arcy Maine (@darcymaine_espn) August 31, 2019