Top Sport

Хајдук го доби Динамо, Адеми „поцрвена“ (Видео)

Хајдук го победи Динамо Загреб во најголемото дерби на хрватскиот фудбал. Еден гол го реши дербито на седмата рунда, по која Хајдук со натпревар повеќе од Динамо се искачи на врвот на табелата. Хајдук успеа да го победи Динамо на домашен терен по пауза од 1259 дена, а по 1399 дена „белите“ повторно се лидери во Хрватска.

Иако резултатот не го покажува тоа на „Пољуд“ се одигра добар меч со три црвени картони и еден пенал што не беше суден за Хајдук.

Моментот на одлука се случи во 56 минута кога Ливаковиќ беше совладан од Закарија Жради.

Динамо остана со играч помалку во 77 минута кога црвен картон доби Дилавер, но само три минути подоцна поради вториот жолт картон во соблекувалната замина и стрелецот на голот Жради.

Црвен картон доби и македонскиот репрезентативец од Динамо, Аријан Адеми и тоа во ситуација кога беше на клупата.

Scroll to Top